52-годишна српска државјанка починала откако ѝ се слошило на јахта во близина на плажата Краљичина во Чањ, соопшти Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ).
„Поморскиот оперативен центар на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа прими MEDICO повик во 14 часот и 30 минути за итна евакуација на член на екипажот од јахтата „Полооооне“, која се наоѓаше на плажата Краљичина во Чањ.
Имено, женското лице С.А.Б. на возраст од 52 години, државјанин на Србија, откако излегла од морето, ненадејно ѝ се слошило и јахтата со полна брзина се упатила кон пристаништето Бар, каде што бил организиран прием од Заводот за итна медицинска помош“, се наведува во соопштението.
„Иако екипажот за време на краткото 15-минутно возење се обиде да ја реанимира жената, и покрај интервенцијата на лекарскиот тим од Бар, таа почина“, се заклучува во соопштението.