65-годишен маж бил пронајден мртов на шпанскиот брег додека се обидувал да изврши ритуал со црна магија, изјавило неговото семејство во локалната полиција.
Тој бил пронајден опкружен со шест обезглавени пилиња во заливот во близина на градот Паламос на Коста Брава во неделата рано наутро.
Бил на одмор со сопругата и двете ќерки кои наводно рекле дека се скарале со него бидејќи биле против овој бизарен ритуал.
Според локалните медиуми, мажот се одвоил од семејството и отишол зад карпите да го изврши ритуалот.
Сопругата и ќерките го нашле без свест, поради што веднаш повикале брза помош.
На местото на настанот дошла брза помош, но болничарите не успеале да го оживеат.
Случајот се уште е под истрага на полицијата, нема индиции дека имало убиство, но се сомнева дека мажот имал некаков напад.
Во тек е обдукција за да се утврди вистинската причина за смртта.
Некои извештаи сугерираат дека мажот можеби се дрогирал за време на церемонијата, пишува Метро.
Заливот се наоѓа во близина на патеката што води од разурнатиот замок Кастел де Сант Естев де Мар до белата борова шума Гори, популарно место за пешачење.