Едно лице загина, а неколкумина се повредени во силното невреме што денеска го погоди Бихаќ во Босна и Херцеговина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на болнички извори.
Болницата во Бихаќ за јавниот сервис БХРТ објасни дека мртвиот човек бил повреден кога дрво искорнато од ветрот паднало врз него на улица. Девет лица побарале лекарска помош во болницата поради разни повреди. Од нив, тројца имале тешки телесни повреди и се задржани на лекување.
Мртвиот маж бил идентификуван како Виктор Деламеа (55), објави порталот „Дневни аваз“.
Починатиот живеел во Германија и пристигнал на Бихаќ на одмор. Тој починал во болницата каде бил донесен со повреди на главата и градниот кош.
Невремето, кое траеше помалку од половина час, остави траги во областа од Велика Кладуша до Босанска Костајница.