Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи во блоизина на главниот град на Турција, Анкара, јавуваат тамошните медиуми.
Според турскиот национален сервис – ТРТ, несреќата се случила околу 5 часот, кога автобус кој се движел кон провинцијата Ескишехир се забил во столб од надвозник во анкарскиот кварт Полатли.
На местото веднаш биле испратени голем број противпожарни, спасувачки и медицнски тимови, а полицијата го затворила сообраќајот на делницата.
Од турското Министерство за здравство соопштиле дека девет лица ги загубиле животите во несреќата.
Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, изјавил дека првичните информации наведуваат дека возачот на автобусот најверојатно заспал, бидејќи нема индиции дека се обидел да закочи.
Ankara Polatlı'da yolcu otobüsünün köprünün ayağına saplanması sonucu meydana gelen trafik kazasında çok sayıda ölü ve yaralı var.
İşte olay yerinden gelen ilk görüntüler…https://t.co/A3fFdU0gKn pic.twitter.com/SZ0UZlrw80
— SuperHaber (@superhaber) August 9, 2024
Министерот за првада на Турција, Јилмаз Тунч во објава на социјалните мрежи информираше дека е покрената истрага која треба да ги утврди точните причини за несреќата.
„За несреќата што ни ги скрши срцата започнаата е истрага, а под координација на замени-главниот јавен обвинител се назначени 3 јавни обвинители“, напиша Тунч на социјалната платформа Икс.
Ankara Polatlı'da yolcu otobüsünün köprünün ayağına saplanması sonucu meydana gelen trafik kazasında çok sayıda ölü ve yaralı var.
İşte olay yerinden gelen ilk görüntüler…https://t.co/A3fFdU0gKn pic.twitter.com/SZ0UZlrw80
— SuperHaber (@superhaber) August 9, 2024
Дневниот весник „Хуриет“ во веста за случајот, наведува дека автобуските несреќи се прилично чести во Турција.
Постетува дека во мај годинава 10 луѓе загинаа, а 40 беа повредни при судар на автобус, два автомобили и камион на автопат во близина на јужниот град Мерсин.