Спасувачките служби во Хрватска се уште трагаат по младиот Британец кој вчераутро падна од брод за крстарење во близина на островот Јабук и оттогаш се води како исчезнат.
Во петокот бројни служби цел ден трагаа по државјанин на Велика Британија кој падна од бродот за крстарење „Explorer of the Seas“, недалеку од островчето Јабука, на пат кон Задар.
Покрај патничките бродови и сопствениците на бродови, по Британецот трагаат и поморски и воздушни единици.
„Човекот паднал во морето од над 30 метри височина, можеби се повредил при падот. Бидејќи температурата на морето е 24 степени, ова ни овозможува да ја продолжиме потрагата на најмалку 12 часа повеќе. Преживувањето во овие услови е повеќе од 12 часа, а потрагата трае двојно повеќе, најмалку 24 часа“, рече Радован Линиќ, координатор во Националниот центар за координација на потрагата и спасувањето на море.
Инаку, Британецот во морето го забележал член на екипажот, кога му фрлил појас за спасување.
“Член на екипажот го забележал, веднаш му го фрлил појасот. Сепак, не видел дали е доле, како завршило. Веднаш била контактирана сплитската капетанија, која е одговорна за областа, поморската полиција и крајбрежната стража”, изјави шефот на Националниот штаб за координација на потрагата и спасувањето во морето Едо Шаруниќ.