Инфлуенсерот Јован Радуловиќ Јоџир неодамна ја шокираше јавноста кога изјави дека татко му ја изневерувал мајка му со Ксенија Пајчин, а сега откри нов детаљ од приватниот живот на сопругата кој ги изненади сите.

Јован Радуловиќ Јоџир ужива во долгогодишен брак со сопругата Ирена со која има две деца, а сега изјави дека неговата сопруга во минатото била во долга врска со Андрија Милошевиќ.

– Ги познавам сите нејзини поранешни момчиња, таа ги знае сите мои поранешни девојки. Нема тајна меѓу нас. Пред неа јас имав долга врска од седум години, а таа пет. Таа беше со Андрија Милошевиќ пет години – откри тој, па додаде:

– Многу го ценам Андрија, никогаш не сум го запознал и жал ми е поради тоа. Би сакал кога ќе се сретнеме да се запознаеме, тој е најголемата легенда на светот што постои. Често и велам на жена ми: „Ти Ирена цел живот го помина во смеење, пет години се смееше со него, сега десет години со мене“. Не раскинаа поради мене, почнавме да се гледаме две години откако раскинаа.

Инаку, Ирена работи како водителка на една црногорска телевизија.

„Мојот татко беше со Ксенија Пајчин“

Јоџир неодамна ја шокираше јавноста во една емисија во живо со приказната дека неговиот оженет татко бил со покојната пејачка Ксенија Пајчин.

„Мајко, извини, но тоа е вистина. Не можам да тврдам, само го кажувам она што го кажаа луѓето. Да, тоа беше кога Ксенија дојде во Херцег Нови, „Сунчане скале“ се во прашање. Тогаш татко ми беше во жирито, не, лажам, тој беше зад жирито, пред тоа разговараше со мајка ми и и’ рече: „Можеби ќе одам, можеби не“, но покрај него беше Ксенија. Татко ми тогаш ја изнајми вилата на Тито.

Радуловиќ раскажа и една анегдота што тогаш се случила:

„Татко ми тогаш возеше мерцедес Ес класа и ја скрши антената од мерцедесот, беше тоа онаа голема антена, па седна во првиот ред зад жирито. Тој му кажуваше на операторот со кранот да не поминува покрај него кран камерата затоа што ќе да го видат. Јас, мајка ми и сестра ми го гледаме фестивалот од дома.

Кранистот малку се занесе и го покажа, а господинот Рајко седи вака, а Ксенија ја потпрела главата на него. Тој пак го чука другиот со таа антена и вика: На група Луна, дај и 12-ка. Јас бев тој што викна: „Мајко ене тато, 2 -3 месеци го немам видено. Доаѓа мајка ми, го гледа и вели: „Е, сега ти ја е*ав мајката“, раскажал Јован Радуловиќ.

Во оваа прилика се огласи и Миа, сестрата на покојната пејачка Ксенија Пајчин, која приказната очигледно многу ја потресла.

„Мртвата уста не може да зборува. А вие сите само раскажувајте“ – напишала таа на Инстаграм.