Предмалку тешка сообраќајна несреќа се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кружен тек.

Од за сега неофицијални извори дознаваме дека се работи за еден учесник со пмв. волксфаген, изгубил контрола и излетал од коловозот во населено место веднаш до патот.

Екипи на ОВР Кичево и Медицински центар се веќе на терен и интервенираат.

Повеќе информации очекуваме во текот на утрешниот ден, додека очевидци сведочат дека сликата била страшна, бидејќи возилото било скоро уништено.

– Апелираме за внимателно управување на автомобилите, како и придржување, односно прилагодување на брзината на возење према поставената патна сообраќајна сигнализација.