Неколку лица се повредени, а едно лице загина во стравична сообраќајна несреќа која утрово се случила во Солине кај Дубровник, објавија тамошните медиуми.

Имено, се судриле две возила од кои едното е со словенечки, а другото со загрепски регистерски таблички.

На терен излегле полициски службеници, пожарникари, како и возило на брза помош, објавија хрватските медиуми.