Страшна трагедија се случи попладнево во двор од семејна куќа во Хрватска. Како што јавуваат медиумите, едногодишно дете се удавило во мал базен!
„На 15 август во 16 часот и 10 минути во полициската станица Вуковар е пријавено дека дете се удавило во базен во двор во Вуковар.
На местото на настанот, екипа на Итна медицинска помош го реанимирала детето, но за жал кај детето по обидот за реанимација била констатирана смрт.
На местото на настанот е извршен увид, а од досега собраните информации не се утврдени елементи на кривично дело. Утврдено е дека детето (родено 2023) се удавило во детскиот базен во дворот од семејниот дом.
Утре, 16 август, ќе се изврши обдукција во болницата во Вуковар, а по утврдување на сите околности на настанот, ќе биде поднесен посебен извештај до надлежното државно правобранителство“, соопшти денеска полицијата.