Осумгодишно дете вечерва починало во местото Иерисос, на Халкидики, Грција познато место каде што одморот го поминуваат и многу македонски граѓани.
Според очевидци, детето одеднаш паднало, по што починало. Неофицијално се дознава дека детето боледувало од акутен перикардитис.
Тоа е многу ретко заболување на срцевото ткиво и се јавува заедно со друга болест или дури и како компликација на основната болест.
Пред неколку дена на Халкидики се случи трагедија, откако осумгодишно девојче беше пронајдено без значи на живот во базен.