Поранешниот учесник на Survivor, Марко Ковачевиќ, за малку ќе ја загубеше раката, како што вели, поради инфекција која што е најлошо не се знае што ја предизвикало.
На Тик Ток, каде што ја има сметката „mkxrema“, раскажа како се случило и покажа прилично вознемирувачки фотографии од раката.
-Петок вечер беше, раскинав со девојка ми, излегов во град да прославам малку, со другарите. Станувам утре наутро и имам што да видам – ја започна приказната и покажа слика од ракара од тој период.
Отпрвин не го фатило паника. Мислел дека некој му ја допрел раката со пура вечерта.
– Го прашувам мојот пријател: „Дали ова може да е од пура? Тој вели: „Не!“. Реков: „Добро, тогаш ме каснал некој пајак, можеби сум алергичен и не знам“. И одиме во здравствен дом. Таму се согласуваат дека најверојатно ме каснал пајак. Примам две инјекции и ми велат: „Подоцна ќе се чувствуваш подобро“ – вели тој.
Сепак, неговата рака се влошуваше. Отиде на клиника. Тој чекал долго, но кога го видела докторката му наредила да остане во болница.
– Докторката само ме погледна и ми рече: „Итна хоспитализација“. Ја прашувам зошто. Таа вели: „Не можам да ви кажам, се сомневаме во најлошото“ . Реков: „Што е најлошо?!“, а таа одговори: „Ќе видиме“, да се направи анализа на крвта.
Два дена ја чекал анализата и нормално дека бил загрижен мислејќи на најлошото …
– Најлошото ми беше во главата – готово, мислев ќе ми ја исечат раката. Ова почна да се зголемува, да се шири на раката… По два дена дојде докторот и рече: „Добро е, не е како што мислевме“. Реков: „Добро, сега ќе ми кажеш што мислеше?“. Сега слушајте го ова – во Доминиканската Република и во друга земја во Африка има бубачка, инсект, кој кога ќе ве касне почнува да ви го јаде мускулното ткиво. Се шири низ остатокот од телото и единствен начин да се запре е да се отсече делот од каде што почнал. Па, мислелр дека е тоа! – објаснува тој.
Во тој период не престојувал ниту во Доминиканската Република ниту во Африка.
На крајот, тој бил во болница 20 дена.
– После тоа ме прегледаа буквално 25 доктори. Не претерувам, различни доктори – и студенти, и доктори, и лекари… И никој никогаш не видел такво нешто. Никој нема објаснување. Тие веруваат дека ме каснал некој инсект и дека ми направил хаос по телото. Нема медицинско објаснување за тоа што ми се случи – вели тој.
Сепак, интересно е што и по ова искуство и сознанието дека во Доминиканската Република има опасен инсект , во февруари годинава, Милош учествуваше во реалното шоу „Преживеан“, кое се снимаше во оваа земја.