Во пожарот што избувна синоќа во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загинаа неколку лица, соопштија за Танјуг од Новосадската Итна помош.

Според првичните информации, во пожарот загинале шест лица , потрагата се уште е во тек, а можно е меѓу жртвите да има и малолетници.

– Брзата помош интервенираше околу 2 часа и 54 минути. Немаме информации колку луѓе (починале) бидејќи е тешко да се утврди – изјави за Танјуг портпаролот на итната помош Зоран Круљ.

Истрагата се уште е во тек.

Полицијата извршила увид. Причината за пожарот ќе ја утврдува истрагата.