Момче од Србија вечерва исчезнало во градот Неа Врасна во Грција, објавено е на Фејсбук страницата Грчкаинфо.

– Момче исчезна во Неа Врасна пред 15 минути. Ве молиме јавете се на +381607274499 ако го видите или контактирајте со него. Неговото име е Виктор. Носеше црвена кошула и бела маица – пишува во псот под кој е објавена фотографијата од исчезнатото момче.

Во коментарите се наведува дека момчето се изгубило во близина на игротека.

Се јавија бројни посетители на Неа Врасна кои изјавија дека се вклучиле во потрагата по момчето.