Познат лекар од болницата Шарите во Берлин, исчезнал додека бил на одмор во Италија и исчезнат е веќе еден месец, а семејството сега нуди награда за информации за него.

Маркус Маурер (58), на крајот на јули отишол на планинарење на планината Гиове во Пиемонт, Италија и оттогаш се води како исчезнат. Докторот Маурер заминал на одмор со сопругата и уште двајца роднини, а на 31 јули околу 7 часот ја напуштил својата викендица во Сан Бартоломе и отишол на прошетка. Сопругата очекувала до пладне да се врати дома, но тој не бил таму. Таа веднаш ја известила полицијата.

Веднаш е започната потрага по познатиот лекар од позната клиника. Од Берн биле побарани припадници на противпожарната служба, планинарската служба, па дури и хеликоптер со термални камери, но лекарот не го нашле.

Хеликоптер ја прелетал областа неколку пати, а полицијата наводно не успеала да го лоцира ниту мобилниот телефон на Маурер. Имено, последниот сигнал бил фатен на 31 јули околу 13 часот и 40 минути, но истиот бил прочитан од швајцарски оператор во близина на езерото Маџоре.

Според медиумите, потрагата по лекарот траела четири дена, а потоа била прекината. Сепак, семејството продолжило со приватната потрага по него. На социјалните мрежи се шири апел од роднини и пријатели на повеќе јазици, во кои ги повикуваат сите со какви било информации да им се обратат, нудејќи награда од 3.000 евра.

Медиумите пренесуваат дека д-р Маурер има три деца.