Татко (45) од Измир денеска пукал во своите четири деца, а потоа се обидел да се самоубие.
За жал, три деца не преживеале, додека четвртото е рането.
Според турските медиуми, тој ги однел децата на блиската нива, а потоа почнал да пука во нив. Кога ги застрелал децата, со истото оружје се обидел да си го одземе животот.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот можела само да ја потврди смртта на Џејлин (2), Џемра (4) и Нија (14). Повредениот Хира (11) и неговиот татко Весим со возило на Брза помош се пренесени во болница.
Двегодишната Џејлин била пронајдена со цуцла во устата.
Роднините и соседите два километри ги носеле телата на децата на раце, бидејќи возилата на брзата помош не можеле да стигнат на местото на злосторството поради непристапниот терен.
Телата на децата се пренесени во Институтот за судска медицина во Измир, каде што е наредена обдукција.