Уругвајскиот фудбал е потопен во жалост. По пет дена во болница, Хуан Изкиердо од Национал не можеше да издржи, а последниот здив го испушти во раните утрински часови сабајлево (28/8) на 27-годишна возраст.
Централниот дефанзивец на тимот од Монтевидео колабираше во раните утрински часови минатиот петок на теренот, за време на натпреварот против Сао Паоло за осминафиналето на Копа Либертадорес.
За жал, тој не успеал да ја надмине состојбафа поради која изгубил свест и пред неколку часа починал, јавуваат утрово медиумите.
Неговиот тим Национал и целиот фудбал во оваа држава, остана во голема жалост поради неискажливата трагедија.
Инцидентот, потсетуваме, се случи во 75. минута од натпреварот на стадионот „Морумби“ во Сао Паоло. Дефанзивецот од уругвајската престолнина колабираше на теренот, а соиграчите и противниците очајно повикуваа медицински лица.
Соиграчот на Изкиердо, Баез, го виде како се сопнува на средината на теренот и се обиде да го задржи, но безуспешно. Изкиердо доби прва помош од лекарите неколку минути пред да биде пренесен во болница со брза помош, додека се чинеше дека се освестува, а целиот стадион му аплаудираше!
Според извештаите, Изкиердо се освестил пред да влезе во брзата помош и бил пренесен во болница на дополнителни тестови. Но, за жал, тој не успеа да го надмине проблемот (срцева аритмија според извештаите), поради што ја загуби свеста, а пред неколку часа згасна и неговиот живот.