Невремето што го зафати северниот дел на Италија зад себе остави целосно уништување. Силен град, со големина на тениски топчиња, ги кршеше стаклата на автомобилите, оштети покриви на куќи, уништуваше посеви во лозја и градини. Обилните врнежи ги излеаа потоците и реките и предизвикаа локални поплави, пишува merkur.de.
Локалните жители го опишаа невремето во понеделникот како „четириесет минутен кошмар“. Винарите во регионот Франчакорта, лоциран во срцето на Ломбардија помеѓу градот Бреша и езерото Исео, се очајни.
Градот ги уништи лозјата. Потоа следеа врнежи од дожд, кога наврнаа повеќе од 50 литри на метар квадратен. Потоците се излеаја и предизвикаа локални поплави, пишува ilgiorno.it.
Освен во Франчакорта, невремето предизвика штети и во други градови како Ровато, Кокаља и Ербуско.
“Само што возев низ Роват. Невремето избувна ненадејно. Молња удри и почна да паѓа град, чија големина ме шокираше. Таква големина никогаш во животот не сум видел”, опишал пожарникарот Томас.
„Водата веднаш почна да расте. Нивото беше толку високо што стигна до вратите“, додаде тој.
Во градот Бреша поплавени се некои подвозници. Сообраќајот на автопатот А4 речиси беше запрен од поројни води и град. На социјалните мрежи жителите на Бреша објавуваат соби полни со мраз и дека градот кршел прозорци.