Скопјанецот кој со автомобил прелета низ четири булеварски ленти и заврши во Вардар, е во добра здравствена состојба. Тој бил пуштен од болница уште третиот ден откако се случи несреќата.
Добил лекарски препораки, но е надвор од живото-загрозувачка состојба. Неговото третирање ќе треба да продолжи во домашни услови.
Засега нема информации, дали Обвинителството покренало предмет за овој случај. Последните информации од понеделникот, беа дека возачот е во болница. „Скопје1“ денеска упати нови прашања и очекуваме одговори.
Снимката на која се гледа несреќата, ја фрапираше јавноста, бидејќи на булеварот поминуваа возила и можеше да се случи поголема трагедија.
„Во СВР Скопје изутринава во 07.23 часот е пријавено дека патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар“, кажаа од МВР во саботата.
View this post on Instagram