Локалната власт на шпанската провинција Екстремадура објави дека нуди до 15.000 евра на заинтересираните да се преселат во областа најмалку две години.
Оваа автономна покраина, која ја има една од најмалите популации во Шпанија, издвои два милиони евра за да поттикне 200 дигитални номади и работници од далечина да се преселат во регионот, објави „Си-ен-би-си“.
Владата на Екстремадура наведува дека оваа финансиска поддршка е наменета „за домување, обработливо земјиште и сè друго што е потребно за да се забрза нивното пристигнување“.
Шпанските власти соопштија дека пријавувањето се очекува да биде отворено во септември и пријавите ќе може да бидат поднесени онлајн.
Условите за заинтересираните се да не живееле во Екстремадура во последните шест месеци, да имаат легален престој во Шпанија и странски матичен број, како и да работат од далечина во технолошката индустрија.
Таа акција на локалната власт е дел од програмата за повторно населување наречена „Живеење во Амброс“ (се однесува на долината Амброс во провинцијата Касерес, која се наоѓа во областа Екстремадура).
Во соопштението се наведува дека долината е „еден од регионите кои страдаат од трајно губење на население и услуги“.