Откако синоќа на социјалните мрежи семејството објави молба за помош за пронаоѓање на Венера Ѓ. од Скопје, денеска е соопштено дека младата мајка е пронајдена здрава и жива.

– ПРОНАЈДЕНА Е ЖИВА И ЗДРАВА. ФАЛА НА СИТЕ ЗА ПОМОШТА, објави попладнево Александар Ѓ. на социјалните мрежи.

Во вчерашната објава тој понара помош за пронаоѓање на младата Венера која вчера утрото околу 7:30 часот се оддалечила од својот дом, од каде што со своите две мали дечиња оди во градинка во Драчево, ги остава во 8:00 часот во градинката, а од 8 часот и 44 минути и се губи секаква трага, соопшти тој вчера.