Актерот Хулијан Ортега, кој се појави во серијата „Елит“ („Elite“) на платформата Нетфликс, почина на 41-годишна возраст, објави магазинот „Пипл“.
Ортега колабирал и починал од срцев удар на плажата Плаја де Захора во Кадиз, Шпанија. Несреќниот случај се случил на 25 август.
Првичните извештаи сугерираа дека актерот се удавил, но властите подоцна соопштија дека тој доживеал срцев удар. Болничарите неуспешно се обидувале да го оживеат цели 30 минути, а била констатирана смрт на лице место.
Ортега го играше менаџерот на ресторанот „Ла Кабана“ во серијата „Елит“ и се појави во неколку епизоди од првата сезона.
Серијата ја следи приказната на група тинејџери од работничката класа кои се запишуваат во престижно приватно средно училиште и се судираат со елитните студенти. Други улоги се Омар Ајусо, Ицан Ескамила, Арон Пајпер, Мигел Бернардо, Валентина Зенере, Андре Ламоља и Клаудија Салас.