Настасја Недимовиќ, поранешна српска репрезентативка во ватерполо, а сега инфлуенсерка за канцер, откако во бременоста го победи ракот на коскената срцевина, стана голема инспирација. На својот Инстаграм редовно споделува совети за здрави навики и исхрана.
Некогашната спортистка Настасја Недимовиќ, која храбро се бореше со туморот и далеку зад себе ја остави злобната болест, ја продолжи својата мисија на својот Инстаграм профил каде ги поддржува сите борци да истраат и великодушно споделува совети за здрав живот и навики. Така таа неодамна објави видео во кое објаснува како да ги избереме најдобрите јајца во продавницата.
Со оглед на фактот дека домашните јајца не се достапни за секого, а органските јајца се прилично скапи, Настасја на своите следбеници им откри како да ги изберат вистинските.
“Поделбата е означена со бројки на пакувањата. Нула значи органски јајца, кои се и најскапи. Број еден означува јајца од слободно одгледување. Ги снесуваат кокошки кои поминуваат време надвор, имаат пристап до нивната природна храна, инсекти и трева, имаат простор и се движат слободно. Тие претставуваат најдобар избор во однос на цената и понудата на нашиот пазар“, објасни таа.
Бројот два на пакувањата го означува таканареченото подно одгледување.
„Кокошките не се во кафез, но не поминуваат време ниту надвор, не ја јадат својата природна храна, преполни се на многу мал простор и не се движат слободно. Ако мислите дека слободно шетаат, тоа воопшто не е така“, објасни Настасја.
Што значи бројот 3 на кутијата со јајца?
„Тоа воопшто не е добро, кокошките се во кафези кои се преполни, никогаш не ја виделе светлината на денот, ниту вистинска храна. Затоа, не ги купувајте тие јајца“, предупредува поранешната спортистка.
Настасја ги откри триковите на кои прибегнуваат некои производители на јајца за да привлечат муштерии:
„На пакувањето пишува вегетаријанска исхрана, 100% природна. А по бројот 3 на пакувањето, можеме да видиме дека јајцата се од одгледување во кафез“.
На пакувањето на кое пишува „фарма“ се крие уште еден трик, затоа при купувањето обрнете посебно внимание на тоа. Ќе мислите дека се одлични јајца, но на пакувањето е всушност број 3, што значи одгледување во кафез“, вели Настасја.
Третиот трик се однесува на состојките на јајцата.
„Некои јајца, кои се во пакувања од шест или помалку, може да имаат ознака омега. Не паѓајте на тие трикови, тоа е размножување во кафези и само добар маркетиншки трик“, вели Настасја.