Вчера ненадејно почина доктор Ален Дервишевиќ, угледен ортопед вработен во болницата „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ во Бихаќ (БиХ). Ален е син на Рамиза и Нурка Дервишевиќ, родители познати по својата добрина и почит во заедницата.
Неговата загуба длабоко го погоди не само неговото семејство, туку и сите колеги и пациенти кои ја имаа привилегијата да го познаваат и кои сведочат за неговата голема добрина.
„Дервишевиќ не само што беше извонреден лекар, туку и прекрасен син, татко, сопруг, брат, сосед… Сите што го познаваа зборуваат за него само во суперлативи, опишувајќи го како личност со големо срце и несебична посветеност“, рекоа тие за него.
Заедно со другите колеги специјалисти, во февруари 2023 година, кога разорен земјотрес ја погоди Турција, Дервишевиќ зема годишен одмор за да им помогне на жртвите. Ова дополнително говори за неговата хуманост и одговорност кон лекарската фела.