Во местото Липничко брдо, на локација меѓу Какањ и Вареш во БиХ, полицијата пронашла товарно моторно возило во кое имало четири лица кои загинале, потврди полицијата.
Полициската станица во Какањ во 11 часот и 45 минути добила пријава од мештаните, по што полициски службеници излегле на лице место и ги потврдиле наводите во пријавата.
– Во близина на регионалниот пат Какањ – Вареш пронајдено е товарно моторно возило во кое имало четири безживотни тела, објави Кликс.
Според неофицијални информации на „Аваз“ се работи за четворица мажи. Тие настрадале во теренецот кога паднале од шумскиот пат во провалија длабока речиси 300 метри.
– При превртување на возилото телата испаднале од џипот, објави Аваз.
Според првите, неофицијални информации, се работи за сообраќајна несреќа, а на местото на настанот се очекува да пристигнат припадници на Планинарската спасувачка служба и кантоналниот обвинител за да започнат увид.
Повеќе информации ќе бидат познати подоцна.