Бора Ѓорѓевиќ почина на 71-годишна возраст во клинички центар во Љубљана, а зад себе остави бројни хитови.

Бора Ѓорѓевиќ како фронтмен на рок групата „Рибља чорба“ отпеа некои од најубавите песни во регионот, а покрај тоа напиша и хитови за бројни пејачи.

Своевремено, Бора соработуваше и со Здравко Чолиќ на неговиот албум „Ako priđeš bližeš“ каде се појавува како текстописец на песната „Produži dalje“.