Македонските медиуми не ретко знаат да ја поврзат Јана Серафимова со италијанската позната новинарка Дилета Леота, а тоа е така затоа што и двете ги поврзува спортот и медиумското известување, од терен или студио.
Сепак, освен тоа што е автентична со изборот на една од ретките женски професии, Јана се издвојува и со својата маркантност од природната убавина дадена од Бога.
Руса коса, совршена насмевка, впечатливи сини очи и тело на модел, Јана едноставно тешко се заборава кога еднаш ќе ја видиш, а нејзиниот лик е како создаден за пред камера.
Јана е корисник на социјалните мрежи, но за разлика од повеќето колешки или оние инволвирани со јавна медиумска работа, таа и не така „бомбардира“ во објави на Инстаграм, Фејсбук, Тик- Ток.
Оттука, она што ќе го постави не секогаш е очекувано, а со тоа и поинтересно како овој пат.
Јана објави фотографија од плажа каде позира во бикини, тренди искомбинирано во двобојна варијанта, па иако не може да се пофали со облини,, таа може да го истакне своето фит тело, затегната и вита, соврешана како модел.
Секое лето Јана знае да постави по некоја од своите совршени фотки во костими за капење на кои било кој модел и прилега перфектно.
Инаку, Јана Серафимова е сестра на еден од македонските фудбалски репрезентативци Никола Серафимов, а во јуни 2022 година се омажи и му кажа „да“ на својот избраник Горан Петровски.