Доктор Никола Шобот, кардиолог и раководител на Клиниката за кардиохирургија на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) на Република Српска, е херојот на кошаркарскиот турнир во бањалучката населба Лазарево.
На социјалната мрежа ТикТок се прошири видео од турнирот во Лазарево, каде што се гледа како доктор Шобот реанимира онесвестен маж. Имено, мажот доживеал срцев удар за време на турнирот, а со брзата интервенција на доктор Шобот му бил спасен животот.
На драматичното видео се гледа како лекарот континуирано врши реанимација, а на помош му дошле уште неколку лица, меѓу кои и медицинска сестра.
Благодарение на брзата реакција на д-р Шобот, мажот брзо ја добил потребната медицинска помош и со возило на брза помош бил пренесен во УКЦ.
Според информациите со кои располага АТВ, мажот сега е во стабилна состојба.
„Браво човеку“
Коментарите само продолжија, а сите го поддржаа докторот и го пофалија неговиот неверојатен потег.
„Браво докторе, браво човеку, за вакви моменти живееш, работиш, учиш. Твојот род се гордее со тебе, ЧОВЕК“, гласи еден од коментарите.
Но, некои изјавија и дека да се биде лекар е животен повик, како и дека лекарот не може да остане имун на ваква ситуација по завршувањето на работното време.
@bdzk.bl Na turniru čovjeka udario srčani. Nikola Šobot ga spasio! #banjaluka ♬ original sound – БЏК.БЛ