Припадник на вооружените сили на Хрватска, кој бил студент на Основна офицерска обука, ненадејно починал во петокот вечерта во касарната во Пожега, извести Министерството за одбрана на Хрватска утрово, пренесувајќи го сочувството на министерот и началникот на ГШ на неговото семејство и пријателите.
Во касарната „123 ХВ бригада“ почина припадник на вооружените сили, офицер роден 1994 година.
По обуката, офицерот со друг приправник отишол да трча внатре во касарната, му се слошило и изгубил свест. Веднаш му била укажана лекарска помош, но по неуспешната реанимација, за жал, кај ојникот била констатирана смрт, информираат од Министерството за одбрана на Хрватска.
Сочувство до семејството, колегите и пријателите на загинатиот офицер изразија вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид.