Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на „Инстаграм“ соопшти дека и дијагнотицирале рак.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
Таа посочи дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.
„Имав две операции, се работи за рак на дојка. Минатата година кога јас се оперирав и вадев жолчка, ми кажаа дека треба да ја следам состојбата. Како што спиев, едно ми скокна на десната града, што толку ме заболе, што јас се јавив на мојот д-р Огнен. Ме среди за 24 часа, со тоа што ми обезбеди торакалец, жена, Наташа Толевска, извонреден хирург“, додава Петрушевска.
Посочува дека таа живее со дијагнозата и состојбата на телото.
„Имам 30 сантиметри рез, кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете“, додава Петрушевска.