По страшната несреќа што се случи во вторникот на бензинската пумпа на одморалиштето „Мосор Југ“ на автопатот А1 во Хрватска, во која загина возачот кој со возилото удри во агрегатот за гориво, при што дојде до експлозија и пожар, очевидец изјави дека возачот возел кон пумпата без сопирање и дека видел како возачот ја потпира главата на воланот.
– ТВ Дневник Нова денеска дозна дека возачот (80) кој ја предизвика сообраќајната несреќа починал од акутна срцева слабост, објави Слободна Далмација.
Ова им го потврдија од сплитската полиција откако ги пријавиле резултатите од обдукцијата од КБЦ Сплит. Полицијата се уште работи на утврдување на идентитетот на починатиот возач.