Мите Стоилков, поранешниот победник во региналното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“ и финалист од „Ѕвездите на Гранд“ направи свадба за паметење со неговата избраничка Марија Минова.
„Македонскиот пејач ги испочитува сите адети. Со трубачи замина по невестата, беше весело и незаборавно. Мите не штедеше пари кога се во прашање музичарите“, ни откри еден од сватовите.
Особено емотивен момент бил првиот танц. Двојката ја одбрала нумерата „Буди будна“ на Марко Толја.
Марија која ја одбра медицината за своја животна определба блесна во класична венчаница.
Мите Стоилков неодамна стана дел од „Џеј трибјут бенд“, групата основана во чест на легендарниот Џеј Рамадановски. Членови на бендот се и помладата ќерка на Џеј, Марија Рамадановски, како и најдобриот пријател на легендарниот српски пејач, Зоран Јагодиќ Руле.