Интензивните врнежи од дожд кои од ноќеска го зафатија главниот град очекувано го зголемија интензитетот на сообраќај по скопските улици утрово. На речи си сите булевари и раскрсници во главниот град се создаваат колони автомобили.

Очекувано, најмногу гужва има на критичните точки во центарот на Скопје и околината. Дополнително, големите количини на дожд кои наврнаа му прават проблеми и на системот за атмосферската канализација во Скопје, па некои улици се практично поплавени.

Надлежните апелираат за внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Да се посвети внимание и на пешаците особено на автобуските постојки каде се собираат поголеми вирови.