Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, во согласност со со промената на Законот за безбедноста во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година. Министерството ги повикува сите граѓани кои сѐ уште имаат возачка дозвола со старото уставно име да ја обноват до истекот на рокот со цел да не се создава непотребен метеж.

„Сите капацитети на Министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и може да ги услужат граѓаните да си ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31.12.2024, без никакво доцнење и метеж“, велат од МВР.