Баже Јанакиевски, тренерот на македонскиот второлигаш Башкими, со уште двајца фудбалери на тимот имаа сообраќајна несреќа на пат кон тренинг.

Возилото со кое се возеа Јанакиевски и Мемет Ризахамза и Боријан Пановски излета од патот, но за среќа ниту еден од тројцата не се здобил со посериозни повреди.

„На пат кон редовниот тренинг, тренерот на првиот тим Баже Јанакиевски, како и нашите фудбалери Мемет Ризахамза и Боријан Пановски на влезот во Куманово имаа сообраќајна несреќа, која за нивна среќа поминаа без тешки повреди. Нешто посериозни повреди има тренерот Јанакиевски.

На нашите членови им посакуваме брзо заздравување и му благодариме на семоќниот Бог што оваа несреќа не доведе до фатални последици“, стои во објавата на клубот.

Башкими, новиот шампионат во ВМФЛ го започна со две победи и еден пораз и моментално е на петтата позиција на табелата.