На социјалните мрежи се споделува апел за помош за пронаоѓање на Петар Рујаноски – Стојановски од Прилеп. Во апелот се посочува дека последен пат бил виден наспроти пицеријата „Академи“ во Прилеп.

Во случај некој да го забележи на објавата има три телефонски броеви кај кои може да се јавите во секое време.