Вечерва се случила сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, по што сообраќајот е во целосен прекин, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Инцидентот се случил на 12 септември 2024 година, во 21:20 часот, на магистралниот пат А2. Сообраќајот е пренасочен преку село Рабин, соопштија од АМСМ.

(ОБНОВЕНО) НОВИ ДЕТАЛИ: Сообраќајката која вечерва се случи во Македонија е трагична – животот го загубија две лица

Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта.

– Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, едно лице починало на самото место, а другото во гостиварската Болница. Заради увидот и утврдување на причините кои довеле до несреќата сообраќајот на овој патен правец е во целосен прекин од 21:20 часот, изјави за МИА, портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Според првичните информации, несреќата се случила пред влез на три километри пред Гостивар во близина на неколку угостителски објекти