Претседателот на Коморските Острови, Азали Асумани, е лесно повреден во напад со нож.
Инцидентот се случил во градот Салимани Ицандра, близу главниот град Морони. Асумани бил на погреб кога бил нападнат од млад полицаец, кој веќе е уапсен. Мотивите за нападот се уште не се познати.
Азали Асумани (65) е поранешен началник на Генералштабот на вооружените сили. Тој дојде на власт преку воен удар и беше избран за претседател во јануари оваа година. Неговиот избор беше оспорен од опозицијата, што доведе до дводневни насилни протести.
Критичарите го обвинуваат Асумани за авторитарно владеење на архипелагот, кој има околу 870.000 жители.