Кинез, на кого во еден ден му извадиле 23 заби и му вградиле 12 импланти, починал две недели подоцна. Причината за смртта се сомнева дека е срцев удар.
Станува збор за маж идентификуван само по презимето Хуанг, кој живеел во провинцијата Жеџијанг. Тој отишол на процедура во стоматолошката болница Јонгканг Девеи на 14 август. Неговата ќерка Шу на социјалните мрежи објави дека починал од срцев удар 13 дена подоцна.
Таа тврди дека нејзиниот татко страдал од постојана силна забоболка по операцијата. Поведена е истрага за видот на постапката, по која следела смрт. Во рамки на истрагата ќе се утврдува точната причина за смртта.
Од болницата велат дека лекарот одлучил колку заби може да се вадат по консултација со пациентот и детален преглед на медицинската документација на пациентот.
Но, во формуларот за согласност за операцијата, наводно било посочено дека катниците му имплантирани во истиот ден кога биле извадени претходните, што е спротивно на медицинската пракса.
Локалните медиуми објавија дека стоматологот, кој ја извршил операцијата, има петгодишно искуство. Ксијанг Гуолин, шеф на стоматолошкиот центар во болницата во Вухан, посочи дека е невообичаено да се вадат 23 заби во еден ден, односно се препорачува да се извадат до 12 заби, пренесува Индепендент.