Трагедија што ја потресе Босна и Херцеговина се случи во Австрија, каде во тешка сообраќајна несреќа загина млад брачен пар од Босна и Херцеговина.
Животот го загубија 33-годишниот Есад Хајдаревиќ, родум од Језерски и неговата сопруга, 28-годишната Алмедина од Чазин. Во возилото со нив било и двегодишно бебе, кое ја преживеало несреќата и сега е под надзор на австриски лекари.
Веста за смртта на младиот брачен пар шокираше многу пријатели и членови на семејството. На социјалните мрежи многумина се збогуваат со Есад и Алмедина кои загинаа во сообраќајна несреќа.
“Ти ми беше како постар брат, никогаш не ме навреди, ниту повреди, ме почитуваше и сакаше. Алах да ти ги подари најубавите рајски благослови, а јас ќе се грижам за малото колку што можам.” порача еден член на семејството.
Смртта на младата двојка претставува голема загуба за сите што ги познавале, а на семејството Хајдаревиќ му се испраќа поддршка и сочувство во овие тешки моменти.