Во Австрија на југот од земјата се забележани ветрови до 146 километри на час, а на север врнежи до 170 литри вода на метар квадратен. Во Виена, пожарникарите интервенирале околу 150 пати во последните 24 часа за да ги исчистат одводите затнати со ѓубре или да ја испумпаат водата која навлегла во подрумите, јавуваат локалните медиуми.
Пошумениот дел од паркот Шенбрун, најпосетуваното место во Австрија, е затворен од безбедносни причини, изјавија за АПА службите за итни случаи.
ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО АВСТРИЈА – Според канцеларот Карл Нехамер, „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.
Ситуацијата и понатаму е особено тензична во Долна Австрија – државата од раните утрински часови се смета за област на катастрофа и има еден фатален исход. Противпожарните служби ширум Австрија веќе се распоредени во бројка од стотици лица. Ситуацијата во Виена исто така драстично се влошува, бидејќи различните линии на јавен превоз не сообраќаат според планираното.
Особено во Долна Австрија се очекува да продолжи да врне непрекинато и обилно барем до попладневните часов. Еден пожарникар загина додека испумпувал вода од подрум.
На планините на западот од земјава снегот го отежнува сообраќајот на неколку патишта, а службите за итна помош трагаат по маж исчезнат во лавина. Тирол е делумно покриен со слој снег до еден метар, што е вонредна ситуација во средината на септември.
Austria 🇦🇹 Snow ❄ Storm
September 13-14, 2024
Obertauern, Austria, 55 miles south east of Salzburg. pic.twitter.com/rnqFasucnC— Light Beings Observer (@BeingsObserver) September 14, 2024
🚨🇦🇹Crazy weather in Austria as 4 feet of snow falls in the upper mountains. This is strange usually don’t get snow up in that region for another two months.🇦🇹⚠️ pic.twitter.com/5yq3TNLpjy
— Todd Paron🇺🇸🇬🇷🎧👽 (@tparon) September 14, 2024
ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО РОМАНИЈА – Романската спасувачка служба претходно објави дека пронашла тела на четири лица во регионот Галати во југоисточниот дел на земјата каде што биле погодени 5.000 домови.
-Поплави настанаа поради обилните врнежи – а спасени се вкупно 19 места и стотици луѓе низ целата земја, соопшти спасувачката служба.
Армијата испрати десет спасувачки чамци за да стигнат до жителите заробени во особено тешко погоденото село Печеј. Се поставуваат кампови за сместување на луѓето кои ги напуштиле своите домови поради надојдената вода.
"Torrential rains hit Romania, leaving 4 dead and dozens stranded as floods sweep through. Central Europe bracing for more. Climate change turning September into a disaster zone. 🌧️💧 #Floods #ClimateCrisis #ExtremeWeather" pic.twitter.com/7qlJkAkBKC
— Roykey’s No Filter! (@RoykeyNo) September 14, 2024
„Катастрофа од неверојатни размери“ – Во селото Коначи поплавени се седумстотини куќи, а градоначалникот Емил Драгомир во интервју за локална телевизија изјави дека станува збор за „катастрофа од неверојатни размери“.
– Веќе имавме поплави пред 11 години, но не беше толку страшно – додаде тој додека главната улица наликуваше на порој.
Драгу Стефан (52), вработен во блиската компанија, за АФП изјави дека „се обидел да спаси нешто“, но дека тоа е „залуден напор бидејќи водата пристигнала пребрзо“.
Претседателот Клаус Јоханис им изрази сочувство на семејствата на загинатите.
Massive floods due to extreme rainfall in Galați in the region of Western Moldavia in eastern Romania 🇷🇴 (14.09.2024)
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji4D9S pic.twitter.com/5szdsnFyMm
— Disaster News (@Top_Disaster) September 14, 2024
– Повторно сме соочени со ефектите од климатските промени, кои се сè поприсутни на европскиот континент – рече тој.
ЧЕШКА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НАЈЛОШОТО – Во Чешка од вчера на располагање се 100.000 пожарникари, а без струја останаа речиси 50.000 домови, соопшти електростопанството ЧЕЗ.
Болницата во Брно на југоистокот на земјата беше евакуирана во саботата наутро. Моравија прогласи вонредна состојба.
– Почвата сега е заситена, што значи дека целата дождовница ќе остане на површината – изјави министерот за заштита на животната средина, Петр Хладик.
ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И ВО СЛОВАЧКА – Вонредна состојба е прогласена и во Братислава, главниот град на Словачка.
На полска страна, на југозапад, ситуацијата изгледа најнеизвесна, а од владата велат дека следните неколку часа ќе бидат тешки.