Вистинската драма се одвива во Виена, каде 140 патници на брод за крстарење на реката се заглавиле во разбеснетиот Дунав.
Поради незапамтените дождови и поплави во Австрија, бродот не може да се закотви. За екипажот и патниците тоа значи дека треба да останат таму барем до вторник.
Директорот на компанијата Даниел Паули-Кауфман објасни како настанала оваа ситуација.
– Кога тргнавме, ниту најценетите експерти не можеа да предвидат дека Дунав не може да биде пловен на овие простори.