Едно лице го загуби животот, а две се повредени во страотната сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во два часа по полноќ на 155-от километар од автопатот А3 помеѓу клучките Нова Градишка и Окучани во Хрватска, јавуваат утрово хрватските меидуми.
– Како што неофицијално дознаваме, камионџијата од Нови Пазар во тотален шок изјавил дека „нешто му го блокирало тркалото и се затресло и камионот почнал да се врти“. Потоа, судејќи по се, во него удрил бел автомобил полн со кутии, чиј возач загинал на местото на несреќата откако во него удрило жолто комбе во кое се наоѓале татко и син.
Од Јавната управа на Бродско Посавска претходно соопштија дека во нивниот Центар за оперативно и комуникации во 02:20 часот било пријавено дека на наведената локација на северниот коловоз се случила сообраќајна незгода во која имало повредени лица.
„Кога на местото на настанот пристигнале полициски службеници, итната медицинска помош и други итните служби, констатирано е дека во несреќата учествувале три возила, управувани од странски државјани и дека едно лице загинало. Други две лица се здобиле со физички повреди и се пренесени за давање медицинска помош на Општата болница во Нова Градишка. Сообраќајот од автопатот А3 се пренасочува на клучката Нова Градишка, т.е. низ градот кон жупанискиот пат ŽC 4158 – Окучани и понатаму по државниот пат Д5 до клучката Окучани“, наведуваат и од полицијата, нагласувајќи дека во тек е полициската истрага за утврдување на сите околности кои довеле до сообраќајната трагедија.