Пред големиот скопски концерт кој легендараната „Меморија“ веќе наголемо го најавува на 16-ти ноември годинава во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, како место каде ќе бидат концертно повторно отсвирена ретсроспектива на најголемите досегашни хитови во живо, но и промовирани новите песни, групата го издаде и четвртиот сингл,  како дел од материјалот кој ќе го комплетира албумот кој е во најава.

Новите песни  излегуваат една по една во етерот, па така по рок баладата „За тебе“ и рок ен рол медлито со патриотски рефрени кое се појави под името „Македонски бисери“,  како и каверот на македонскиот рок класик „Јано“, еве уште едно ново парче музика, кое во себе има патриотска содржина, но за разлика од обработките, е целосно ново авторско дело.

Новата песна носи наслов „Мој народе“ и во себе го има вткаено националното чувство, чувството за припадност на еден народ, желбата да се биде свој, а сепак дел од современиот свет… При тоа да не се заборават минатото и крваво стекнатата слобода, а со љубов и песна да се гради иднината… И сето тоа спакувано во стихови и музика која се одликува со рефрен кој наликува на „патротска стадионска  химна“, која од срце и со полна душа се пее со високо кренати раце дланка во дланка, од илјадници грла и во еден глас… За тебе, за мене, за сите нас… „Мој народе“!

Музиката и текстот се  на Ристо Самарџиев, а истата е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски кој заедно со  Давор Јордановски се и продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа, а „Мој народе“ засега само во аудио верзија можете да ја слушнете во продолжение: