Петнаесетгодишна ученичка од прва година во средното училиште „Светозар Милетиќ“ во Нови Сад исчезнала вчера попладне и се уште не е пронајдена, дознава „Блиц“ од извор во новосадската полиција.
Според зборовите на нејзината мајка во апел на Фејсбук групата „Новосаѓанке“, девојчето во моментот на исчезнувањето носело сива тренерка, црно-бела јакна, бел ранец и сиво-бели патики.
– Таа го напушти училиштето во 17 часот. Ве молам покажете им ја на вашите деца, помогнете ми да го најдам моето дете – напишала несреќната жена.
Исчезнувањето на петнаесетгодишното девојче синоќа околу 22 часот го пријавила нејзината мајка, а полицијата интензивно работи на пронаоѓање на девојчето и расветлување на сите околности кои довеле до нејзиното исчезнување.