Пет лица загинаа, меѓу кои три деца, додека едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 13 часот и 10 минути на патот Краљево – Рашка.
Оваа вест за РТС ја потврди директорот на Општата болница во Краљево, д-р Зоран Мрвиќ, кој изјавил дека лекарите се борат за живот на едно лице.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во судирот учествувале автомобил на петчлено семејство и борбено возило ПАСАРС на Вооружените сили на Србија. Во автомобилот имало родители со три деца и уште едно лице, додека фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека автомобилот бил смачкан до непрепознатливост!
Се огласи српското Министерството за одбрана
Се претпоставува дека патничкото возило влетало под военото борбено возило кое се движело во колона. На тој дел од Ибарската магистрала сообраќајот е во прекин.
– Борбеното возило на Вооружените сили на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција – се наведува во соопштението, во кое се додава дека на местото на настанот се пристигнати надлежни органи и ќе ги утврдат сите околностите на сообраќајната незгода. Истрагата е во тек.
Мајката сепак е жива, единствена која ги преживеала судирот
Иако првично беше објавено дека мајката на децата е меѓу загинатите, сепак последните информации од српските медиуми велат дека таа единствена го преживеала судирот.
– Загина петчлено семејство – татко, три деца и уште една жена, додека мајката на децата преживеа, објавува Блиц.рс.
-Патничкиот автомобил беше целосно поклопен од военото возило, целосно згмечен. На местото на настанот пристигнаа екипи од пожарникари и спасувачи. Тие некако успеаа да го подигнат военото возило и да го преместат. Сцената штоја видовме е страшна, ова е вистинска трагедија – изјавил за РИНА еден од очевидците.
Како што дознава „Блиц“, сопругата на возачот на автомобилот и мајка на три деца била единствената што го преживеала судирот. Загинати се нејзиниот сопруг, трите деца и уште една жена.
– Два часа беше жива заробена под оклопноти возило – вели нашиот извор.