Зоран Мрвиќ, директорот на општата болница во Краљево, вели дека мајката на трите деца кои загинаа во несреќата кај Ушќе по сопствена желба е пуштена на домашно лекување.

– Имаше повреда на подлактицата од изгореници и расекотина на главата. Таа денеска е пуштена дома – изјави Мрвиќ за „Блиц“.

Да потсетиме, по страшната сообраќајна несреќа, која се случи кај Ушќе кога автомобил се судри со оклопно возило ПАСАРС на Војската на Србија, мајката Мирјана Л.(32) била во свесна состојба додека пожарникарите ја извлекувале од под остатоците на автомобилот.

Загинаа сите членови од нејзиното семејство, меѓу кои три деца, сопругот Даниел и сосетката Дијана К. (27).

Сопругот на Мирјана, Даниел Л, кој бил вработен во касарната во Рашка, по потекло е од Нови Пазар, каде што израснал. Тој и неговата сопруга се преселиле во Рашка пред неколку години, кога Даниел се вработил во војската на Србија.

Возачот на оклопното возило имал повеќе од 0,20 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, на М.В. му е определено задржување.