Докторката Ивана Стефановиќ од белградската Итна помош вели дека во текот на викендот добиле повик кој таа го опиша како „бизарен случај“.

– Имавме и еден бизарен повик за време на викендот. Пациентката возела велосипед како што е пропишано на велосипедската патека кога била нападната од кучиња. Таа паднала и ја скршила потколеницата. Не знам што се прав во тие ситуации, но бидете внимателни, бидејќи кучињата кои трчаат по автомобили можат да бидат опасни и за велосипедистите. Светската здравствена организација препорачува возење велосипед како вид на транспорт, но важно е да се внимава, особено на места со можни опасности – изјави д-р Стефановиќ за РТС.

Јавната здравствена служба апелира до граѓаните да ги следат советите на лекарите и да внимаваат во сообраќајот за да се намали бројот на сообраќајни несреќи и интервенции.