Вистинска драма утринава се случила во градинка во градот Острава во Чешка, кога родител (40) наводно ја зел како заложник воспитувачката, ѝ се заканил со нож и побарал да пристигне полиција.
Инцидентот се случил утрово нешто пред 8 часот.
Диспечерот добил повик од градинката дека маж ја земал воспитувачката како заложник и барал да се повика полиција“, изјави портпаролката на полицијата Ева Михаликова.
Тој ѝ се заканувал на наставничката со нож, потврди полицијата.
Тој ја напуштил градинката веднаш штом сфатил дека е повикана полиција, а во овој инцидент нема повредени.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, а мажот бил уапсен на улица, на околу 150 метри од градинката.
Направени се алко-тестови и нарко-тестови и двата се негативни. „Човекот не бил случаен минувач, тој е правен застапник на едно од децата во градинката“, додаде Михаликова.
Полицијата го уапсила мажот и му го одзела џебниот нож со кој ѝ се заканувал на наставничката.
Тој е во притвор додека трае истрагата.
Засега не е познато што довело до оваа драма.