Легендарниот кошаркар Асим Пешчановиќ е пронајден мртов во семејната куќа во градот Келесија во Босна и Херцеговина, откриваат тамошните медиуми.
Според информациите на сараевскиот медиум „Кликс“ дадени од страна на полицијата станува збор за самоубиство со бесење.
Педесетгодишниот Пешчановиќ кошаркарската кариера ја започна во Слобода Тузла, а по војната во Босна и Херцеговина се пресели во Турција каде доби и ново презиме – Парс.
Со години важеше за еден од најдобрите скокачи во Европа, а поради одличните настапи доби и повик за настап во турската репрезентација со која го освои сребрениот медал на Европското првенство во 2001 година.
Во кариерата, меѓуостанатите настапуваше и за турските великани Галатасарај, Ефес и Фенербахче.