Ивана, мајката на Данка Илиќ, која пред половина година беше наводно убиена, се огласи откако Вишото јавно обвинителство во Зајечар ги обвини С.Ј и Д.Д.
„Верувам дека обвинителството и полицијата си ја завршија работата како што треба и дека обвинението не го поднесоа без докази. Знаеме што им дадовме на вештаците, што земаа од двајцата осомничени за вештачење“, рече таа.
Како што изјави за Блиц, и е многу тешко, и дека „никој не може да ја разбере болката што ја чувствува“.
„Што и да е, дури и да е најлошо, само сакам да знам каде е моето дете, да имам каде да одам и да му запалам свеќа“, вели таа.
Да потсетиме, Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Д.Д. и С.Ј. кои се осомничени дека ја убиле Данка Илиќ, двегодишното девојче од Бор.а